hit counter script

Bosch Professional GSB 21-2 Original Instructions Manual page 172

Heavy duty
Hide thumbs Also See for Professional GSB 21-2:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
172 | Македонски
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (11).
Само кај електрични алати GSB 21-2 со запчеста глава
за дупчење: Монтирајте ја дополнителната
рачка (11)според сликите A до C.
Дополнителната рачка (11) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (11) во
правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната
рачка (11) нанапред, додека не се навали во саканата
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (11) наназад и свртете го долниот дел на рачката
во правец на вртење ➋ и затегнете го (види слика D).
Подесување на длабочината на дупчење (види
слика D)
Со граничникот за длабочина може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина (10) и поставете го граничникот за длабочина
во дополнителната рачка .
Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
1 609 92A 580 | (30.03.2020)
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (12)
мора да покажува нагоре.
Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика E)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1)
свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не
се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика F)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (15),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (14)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (15) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика G)
При користење на битови за одвртувачот (16) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (17).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Менување на главата за дупчење
Кај електричните алати без заклучување на
u
вретеното за дупчење, главата за дупчење мора да
биде заменета од страна на овластена сервисна
служба за електрични алати од Bosch.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика H)
Демонтирајте ја дополнителната рачка (11) и наместете
го прекинувачот за брзина (9) на средната позиција
помеѓу 1. и 2. брзина.
Ставете една челична чивија Ø 4 mm со околу 50 mm
должина во дупката на грлото од вретеното, за да го
блокирате вретеното за дупчење. Клучот со внатрешна
шестаголна глава (18) со краток крак зацврстете го во
брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents